домен
инфо
барање
домен
инфо
барање
.mk
.edu.mk
.com.mk
.gov.mk
.org.mk
.inf.mk
.net.mk
.name.mk
правилник за регистрација на 'mk' домени




 

Постапката за регистрација започнува со техничко поставување на именските опслужувачи (DNS сервери). Потоа точно се пополнува образецот Барање за регистрација на Интернет поддомен, се доставува во архивата на МАРнет или се испраќа по пошта на адреса: МАРнет, Мито Хаџи-Василев Јасмин б.б., 1000 СКОПЈЕ . Подносителот на барањето (регистрантот) е одговорен за веродостојноста на внесените податоци. Барањата се заведуваат во архивата на МАРнет и се обработуваат по редоследот по кој пристигнале. Од моментот на приемот на барањето, предметниот поддомен влегува во фаза на регистрација. Периодот на фазата на регистрација не може да трае повеќе од 30 дена, а по истекувањето на овој период барањето за регистрација се смета за неважечко.

Во текот на фазата на регистрација МАРнет ќе изврши проверка на коректноста на поставувањето на именските опслужувачи во рок од 5 работни дена од приемот на барањето. Доколку тие задоволуваат определени услови кои се во согласност со меѓународно утврдените стандарди, доменот ќе биде регистриран, и на регистрантот ќе му биде доставена фактура за годишна претплата за регистрација на предметниот поддомен во висина од 10 евра, доколку се работи за продолжување висината е 5 евра во денарска противвредност. Фактурата ќе биде испратена по електронска пошта на адресата која регистрантот задолжително ќе ја внесе во барањето. Оригиналната фактура регистрантот ќе може да ја подигне при подигнувањето на решението за регистрација од архивата на МАРнет. На барање на регистрантот фактурата може да се испрати и по пошта на адресата што ја навел во барањето. Доколку, во рок од 10 дена од денот на регистрацијата, регистрантот не ја надмири финансиската обврска, доменот ќе биде затворен.

Доколку проверката на коректноста на поставувањето на именските опслужувачи за предметниот поддомен покаже дека тие не се поставени во согласност со барањата, техничкиот контакт за предметниот поддомен ќе биде известен за тоа по електронска пошта, на адресата што е наведена во барањето, и во преостанатиот рок на периодот на фазата на регистрација ќе се очекува, во координација со МАРнет, тој да преземе активности за да ги доведе именските опслужувачи во состојба на коректна поставеност и да го извести за тоа МАРнет по електронска пошта на адреса domains@marnet.net.mk.

Триесет дена пред истекот на важноста на годишната претплата, на корисникот на поддоменот ќе му биде доставена фактура по електронска пошта на адресата која регистрантот задолжително ќе ја внесе во барањето за регистрација за наредниот едногодишен период, со чие плаќање корисникот ја докажува својата намера и понатаму да го користи поддоменот што го регистрирал. Во спротивно доменот ќе биде деактивиран, регистрацијата поништена и поддоменот избришан од Регистарот. Од овие причини корисникот е должен да ги одржува ажурни своите податоци и податоците за своите контакти.

Copyright ©2003. МARNet. Сите правa се задржани.
Mail to domains@marnet.net.mk