Пренесување на правото на користење на веќе регистриран поддомен на друго правно лице

Доколку корисникот на доменот престанал да постои, правните следбеници на правното лице можат да побараат стекнување право на користење на доменот, т.е. пререгистрација на постојниот домен во своја корист и упис на свое име во Регистарот. Со барањето, покрај утврдената документација, задолжително се приложува и правосилен документ за правното наследство на правното лице. Од наведениот документ треба недвосмислено да произлегува и стекнување на правото на користење на доменот.
Корисникот на доменот може да се откаже од правото на користење на доменот во корист на друг подносител на барање, доколку подносителот ги исполнува условите за регистрација. Во овој случај се спроведува редовна постапка за регистрација.
Откажување од правото на користење во корист на друг субјект се остварува со доставување барање за промена на корисникот на доменот, кое го потпишуваат актуелниот и идниот корисник.
Откажувањето на правото од употреба е конечно и не може да се отповика.


Измена на податоци кои се однесуваат на регистриран поддомен

Доколку корисникот на даден поддомен има потреба да изврши измена на некои од податоците за поддоменоти, тоа го прави на стандардниот образец Барање за регистрација на Интернет поддомен, при што задолжително ги пополнува полињата: регистрант, полно регистрирано име на регистрантот, назив на поддоменот на кој се однесува промената како и податоците кои треба да претрпат измена, односно требна да се ажурираат. Полињата од образецот кои не претрпуваат измени не мора да се пополнуваат. Барањето треба да биде заверено со службениот печат на корисникот на доменот.

Доколку со барањето се бара измена на: адресата на корисникот, неговиот телефакс, даночниот број или податоците за контакти, ваквата промена се внесува во Регистарот.

Доколку со барањето се бара (и) измена на именските опслужувачи и/или нивните IP адреси, тогаш по приемот на барањето, започнува фазата на регистрација за поддоменот и се спроведуваат постапките како за регистрација на нов поддомен во фаза на регистрација. Доколку постапките завршат успешно во смисла на претходно кажаното, промените се внесуваат во примарниот именски опслужувач на врвниот македонски домен ‘.mk’ и во Регистарот, а во спротивно барањето се смета за неважечко.

Copyright ©2003. МARNet. Сите правa се задржани.
Mail to webmaster@marnet.net.mk