|
Се известуваат регистрантите дека почнувајќи од 01.01.2010 година ќе дојде до промена на правилата кои се однесуваат на третманот на домените кои имаат долгувања. Имено, почнувајќи од 01.01.2010 година и понатаму ќе бидат деактивирани домените кои имаат неподмирени долгувања (фактури) постари од 3 месеци. Правото на користење на таков домен корисникот го задржува 90 дена од денот на деактивирањето, а потоа доменот станува слободен за рагистрација од страна на други регистранти. Доколку корисникот на доменот ги подмири долгувањата пред истекот на рокот од 90 дена, доменот се реактивира веднаш по доставување на доказ за подмирувањето на долгот. Во случај корисникот на доменот да достави доказ за уплата после истекот на рокот од 90 дена, тоа не му дава никаков приоритет во поглед на други барања за регистрација на истиот домен кои се обработуваат по редоследот по кој пристигнуваат во архивата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во таков случај доколку уплатените средства не можат да се искористат за подмирување на долгувања по основ на други неплатени ф/ри на регистранотот, тие нема да му бидат вратени.
За домените кои се веќе деактивирани во 2009 година и чиишто регистранти ќе ги подмират долгувањата за даден домен по истекот на рокот од 90 дена од денот на неговата деактивација, домените ќе бидат реактивирани по доставување на ново барање за регистрација (формулар). Во периодот по истекот на рокот од 90 дена од денот на деактивацијата па се до неговата целосна дерегистрација (90 + 60 дена), корисникот на деактивираниот домен нема да го има правото на ексклузивност на името, т.е. други регистранти слободно ќе можат да регистрираат домени со истиот посебен дел на називот на доменот без претходна негова согласност. На пример, ако доменот x.com.mk е деактивиран, по истекот на првите 90 дена домените x.mk, x.org.mk, x.net.mk итн. можат да бидат регистрирани од страна на други регистранти без согласност од регистрантот на доменот x.com.mk.
Се молат регистрантите да вршат редовна проверка на статусот на плаќањата на регистрираните домени во регистарот на МАРНет за да не дојде до несакано исклучување на домените.
Се молат регистрантите да ги одржуваат ажурни сите детали за регистрираните домени и нивните контакти бидејќи тоа е предуслов да ги добиваат документите за нивните финансиски обврски (фактурите да се испраќаат на точни адреси), како и известувања за активности кои го засегаат нормалното функционирање на домените (активни е-мејл адреси на контактите). Во случај кога МКДНС службата не може со сигурност да ја утврди автентичноста на барањето за ажурирање на податоци за домен или неговите контакти (испратена по факс - 3293 299 или на е-мејл domains@marnet.net.mk) има право да бара писмен документ за промена (формулар) со печат на барателот.
Напоменуваме дека сите фактури за регистрираните домени редовно се испорачуваат од страна на МАРНет по земна пошта. Во случај регистрантот да не ја добие фактурата, оригинална фактура може да подигне исклучиво во просториите на МАРНет и истата нема да биде испорачана по пошта по втор пат.
Службата за регистрација на домени ќе работи со странки само во периодот од 13 - 16 часот во работни денови!
|