страната е посетена
2025521 пати

English version
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ:

Почнувајќи од 18.03.2009 година Министерството за финансии повторно ја измени жиро сметката на која треба да се уплатуваат средствата за претплата за регистрација на поддомнени под врвниот македонски домен `.mk'. Промената се однесува на полето „Сметка на буџетски корисник - единка корисник“ каде треба да стои:

    1600103689 788 18

Ве молиме, при плаќањето на сите фактури со датум во периодот од 01.02.2009 до 18.03.2009, да ја внесувате горенаведената сметка на буџетски корисник - единка корисник, доколку таа не стои на самата фактура.  

ВАЖНО
предлози/забелешки Регистрацијата на Интернет поддомен е потребна заради именско распознавање на определени називи во структурата на именскиот простор на Интернет мрежата.

Во Мрежниот информационен центар на МАРНет (МАРНет МИЦ) е регистриран врвниот домен за Македонија, '.mk'. Во рамките на тој домен, МАРНет МИЦ може да регистрира поддомени на соодветни организации и установи.

Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата делегирани од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен '.mk'.

 

Контакт

e-mail: domreg@marnet.net.mk
адреса: бул. Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје
тел: (+389 2) 3293-296
факс: (+389 2) 3293-299

Во согласност со принципот на хиерархиско адресирање произлегува дека примарниот опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен '.mk' ги препознава и секундарните и терцијарните поддомени. Правото за нивно понатамошно администрирање МАРНет го делегира во согласност со механизмите на адресирање во МАРНет.

Корисниците на поддомени под врвниот македонски домен '.mk' имаат право да регистрираат исклучително терцијарни поддомени под еден од горенаведените секундарни поддомени. Бројот на поддомените што може да ги регистрира еден корисник е неограничен.

Copyright ©2003. МARNet. Сите правa се задржани.
Mail to webmaster@marnet.net.mk